Маскирани лица нанеле штета на метро станица во центарот на Атина

Група од околу 60 маскиран лица пред полноќ направија материјална штета на метро станицата „Акропол” во центарот на Атина, а полицијата приведе 56 лица, објавија грчките медиуми.

Групата оштетила машини за продажба и поништување на билети и испишала слогани на ѕидовите, а маскираните лица се обиделе да побегнат со метро, но било запрено од полицијата, при што биле приведени сторителите.

Според објавите на анархистички сајт, уапсени се 43 лица – анархисти и денеска ќе бидат изведени пред суд, поради како што велат „интервенција против политиката на малтретирање, заплашување и милитаризација што ја води грчката држава и тортурата на мигранти / бегалци и затворените граници”, јави дописничката на МИА од Атина.

Треба да знаете
Последни објави