Десетти потврден случај на коронавирус во Грција, на 48 часа затворени училишта, театри, кина, музеи во три грчки региони

Министерството за здравство на Грција, утрово го потврди 10-от случај на коронавирус во земјата, а станува збор за Гркинка, по близок контакт со лицето кај кое вчера беше потврден Ковид-19, член на туристичката група што патувала во Израел и Египет, јави дописничката на МИА од Атина.

Жената е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана во болницата во грчкиот град Патра.

Министерството за здравство донесе вонредни превентивни мерки во три региони, за да се избегне локално пренесување на коронавирусот. Професорот Сотирис Циодрас кој е претставник за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, синоќа соопшти дека владата, по препорака на Комисијата на експерти за заразни болести одлучи, на 48 часа се затвораат сите државни и приватни образовни институции и да се откажат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи во три грчки региони (Ахаиа, Закинтос и Илиас).

 

Треба да знаете
Последни објави