(Видео) Тепачка во турскиот парламент поради Ердоган 

Во турскиот парламент денеска дојде до тепачка меѓу пратениците во текот на говорот на членот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) Енгин Озкоч кој претходно го обвини претседателот Реџеп Таип Ердоган дека не ги почитува војниците кои загинале во Сирија.

На снимката од Парламентот се гледа дека повеќе од десетина пратеници учестуваат во мешаницата, а некои се качиле на столиците или ги удирале колегите, додека други се обиделе да ја спречат тепачката.

Треба да знаете
Последни објави