Османи и Шкупи се разделија по петмесечна соработка

Трофејниот фудбалски стратег Ќатип Османи и прволигашот Шкупи спогодбено се разделија по само петмесечна соработка. Смената на тренеркста клупа кај прволигашот од Чаир доаѓа по двата последователни порази на Шкупи, најпрво на гостувањето кај Работнички (2:1) и неделниот како  домаќин  пред празни трибини од Ренова (2:3).

До изборот на новите стартег во Чаир, екипата ќе ја предводи капитенот Муарем Бајрами, кој ќе има двојна улога.

Османи е поранешен кормилар на Шкендија, кој му донесе три титули на тимот во Тетово и дојде како големо засилување за чаирчани во оваа сезона но изостанаа посакуваните резултати. Екипата од Чаир има 25 бода и е на шестата позиција на табелата во прволигашката конкуренција со 10 екипи.

Треба да знаете
Последни објави