Филипче: Двајца лекари се тестираат за корона вирус, биле на конференција во Мадрид

Двајца лекари се тестираат за корона вирус, биле на конференција во Мадрид. Тие во саботата се вратени во земјата и ќе бидат во домашна изолација откако кај еден од предавачите на конференцијата заболел од корона вирус.
Министерството за здравство оваа информација ја добило од СЗО и разговарале со нашите лекари кои кажале дека немале близок контакт со заболениот ниту пак со некој кој имал респираторни симптоми. Но како превентивна мерка, здравствените власти им направиле тестови и резултатите ќе бидат познати попладнево. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека

мала еверојатноста тие да се носители, но сепак ќе бидат во карантин.

Филипче вели дека од изјавите на лекарите, во текот на вчерашниот ден имале контакти само со фамилијата. Но без разлика на резултатите, ќе бидат под здравствен надзор.
Според информациите на здравствените власти, нема нови сомнителни случаи, а заболената жена е во добра состојба и во фаза на опоравување. Исто така тој рече дека нема драстично зголемување на цените во аптеките.

„Единствениот заразен пациент со корона вирус е во добра состојба и е трет ден без темератури. После тоа, почнува раната фаза на опоравување. Досега нема нови пациенти кои се јавиле за евентуално присуство на корона вирусот. Државата има доволни количини на средства за заштита за овој вирус. Двајца доктори од нашата земја биле на конгерс во Мадрид, а еден од предавачите бил позитивен на корона вирус и тие ќе бидат подложни на тестови. Ако ситуацијата остане иста, ако нема нови симптоми, нема да се продолжи таа мерка на одложување на настаните во државава. Будно ја следиме ситуацијата и во овој момент нема простор за порадикални мерки. Таму каде што сме биле, нема драстично зголемување на цените во аптеките“, истакна Филипче.

Треба да знаете
Последни објави