Search

„Фолскваген“ треба да плати отштета од 830 милиони евра

Германското здружение на потрошувачи и компанијата „Фолскваген“ постигнаа договор и овој производител ќе треба да плати 830 милиони евра отштета на клиентите за „валкани дизел автомобили“.

Ова значи дека повеќе од 260.000 лица ќе бидат обесштетени, а „пакетите“ ќе се движат од 1.350 до 6.858 евра, што според Здружението на потрошувачи е околу 15% од првичната цена.Ако купувачот не е задоволен од спогодбата, тој може да го одбие и да оди на суд.

Купувачите треба да донесат одлука до 20 април 2020 година, но тие можат да го контактираат својот адвокат во секое време, а „Фолскваген“ ќе ги покрие трошоците, но не повеќе од 190 евра, и тоа само доколку купувачот одлучи да ја прифати спогодбата.

Пакетот за компензација се однесува на германските жители кои купиле автомобили „Фолксваген“ со дизел мотори најдоцна до 31 декември 2015 година и ќе добијат писмо од компанијата во кое се ќе им биде објаснето, како и ПИН-код со којшто ќе добијат специфични информации за пакетот на интернет страница на компанијата.

Треба да знаете
Последни објави