Search

Кекеновски: Кој е вистинскиот Крсто Мукоски?

Професорот Јове Кекеновски од ФРОДЕМ на својот Фејсбук профил напиша пост за неговиот поранешен партиски колега Крсто Мукоски, кој денеска повторно ја бранува јавноста откако на собраниската седница за законот за ЈО влезе во вербален дуел со Антонио Милошоски.

…И еве денес гледам и слушам некој Крсто ,,независен” пратеник како од говорница на Собранието на Република Македонија говори нешто лошо за бегалецот Груевски. Аууу си велам да не нé слушнав добро и проверувам по другите медиуми дали добро сум слушнал и видел или пак сум се препознал и не сум разбрал добро. Цел после ручек си велам истот ли е овој Крсто денешниов ,,независен” пратеник, со оној Крсто голем (најголем) грујовист од пред седум-осум години кој во Груевски небарем господ гледаше.А… Крсто ќе кажеш ли нешто плус?. Истиот ли си или јас јалнаш сум?, напиша Кекеновски.

https://www.facebook.com/jove.kekenovski/posts/1579944625502285

Треба да знаете
Последни објави