Search

Полициски џип се судрил со „голф“, повредена малолетничка

На 09.02.2020 во 07.35 часот било пријавено дека во с.Порој, тетовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „санг јонг“, сопственост на МВР, а управувано од Р.А.(37) и патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.А.(57) од с.Теарце.

Во незгодата со телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка од возилото „фолксваген голф“, по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово, во присуство на полициски службеник од Одделот за внатрешна контрола.

 

Треба да знаете
Последни објави