Search

Oграбена експозитурата на ТТК Банка во Велес

Во 09.20 часот утринава во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на ТТК Банка на ул.„8 Септември” во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според сведоци кои се нашле на местото на грабежот, лицето било маскирано со заштитна маска против загадување на воздухот, и со пиштол в раце.

СВР Велес е во потрага по лицето и врши контрола на автомобилите кои го напуштаат градот

Треба да знаете
Последни објави