Search

Коснет прв гостин на Османи, сликата на Тачи отстранета од нејзиниот кабинет

Новата претседателка на косовското Собрание Вјоса Османи го прими денеска во официјална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Амбасадорот Коснет е првиот официјален гостин на Османи откако таа вчера беше избрана за претседателка на законодавниот дом.

Порталот „Газета експрес” забележа дека на својот прв работен ден на новата функција Османи ја отстрани од својот кабинет фотографијата на актуелниот претседател Хашим Тачи и истата ја замени со фотографија на првиот претседател на независно Косово Ибрахим Ругова.

Самата Османи синоќа, по преземањето на должноста, порача дека во нејзиниот политички ангажман имала само една референца, покојниот претседател Ругова, кого косовските Албанци го нарекуваат историски претседател на Републиката.

– Во целиот мој политички ангажман, веќе речиси две децении, од една работа никогаш не се повлеков: почитта кон вашата волја. Целиот мој живот имам само една референца: д-р Ибрахим Ругова. Никогаш, без оглед на пречките на патот, не престанав да работам на тоа волјата на граѓаните на нашата Република да заживее, напиша Османи на својот Фејсбук. 

Треба да знаете
Последни објави