Од Буштур се збогуваат клубовите, федарациите, поранешни и сегашни кошаркари….

Македонската јавност, а посебно спортската е во шок по веста за несреќата во која синоќа животот го загуби еден од легендарните кошаркари Благоја Георгиевски – Буштур (69 години). Честитки со сочуство до неговите најблиски пристигнуваат до сите старни. Се огласи  Агенцијата за млади и спорт, спортските федерации, клубовите, поранешни и сегашни играчи… Со неверување ја проследуваат веста дека Буштур замина во легендите.

Кошаркарскиот клуб Работнички, каде Буштур ја мина речиси целата своја кошаракрска кариера преку социјалните мрежи се збогува со иконата на македонската кошарка.

„Не напушти најголемиот … не напушти единствениот репрезентативец на Бивша Југославија. Не напушти најголемиот играч на Работнички. Поголемиот дел од својата кариера ја посвети на Работнички. За Буштур, Работнички беше прва и единствена љубов. Почивај во мир , легендо секогаш ќе се сеќаваме на тебе … искрено сите фанови и симпатизери на Работнички“, напиша КК Работнички на својот профил на Фејсбук.

И МЗТ Скопје се збогува од големиот борец на паркетот Буштур.

-Македонската кошарка трагично остана без легендарниот Благоја Георгиевски. Најискрено сочувство до неговото семејство, пријатели и сите почитувачи на кошаркарскиот и животен опус на Буштур. Почивај во мир!“ – е пораката од МЗТ Скопје.

-Благоја беше пример на спортист од кои голем број спортски имиња учеа од него. Легендите никогаш не умираат. Секогаш ќе бидеш во нашите мисли, во нашите срца и во нашите спомени. Беше носител на највисокото спортско признание кое го доделува Агенцијата за млади и спорт – Национално спортско признание. Последен поздрав од твојата Агенција за млади и спорт“ – се вели во последната порака од АМС.

Буштур беше чест гостин и во Фудбалската федерација на Македонија од каде напишаа: -Невозможно е во еден текст да го опишеме неговиот придонес за македонскиот спорт. Беше визионер и градител. Легенда. Ни остануваат спомените, приказните, сеќавањата и сведоштвата за Буштур како кошаркар и како човек. Вечна слава. Почивај во мир, легендо – се вели во соопштението од ФФМ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави