Search

Рама: Обновувањето на авиолинијата Приштина-Белград важен чекор,треба да го следат и другите

– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Брисел,го поздравил обновувањето на авиолинијата Приштина – Белград.

За Рама пак обновувањето на авиолинијата е многу значаен чекор,кој треба да го следат и другите.

-Ви благодарам Столенберг што бевте толку голем наш поддржувач но и на регионот. Го поддржавте обновувањето на авиолинијата Приштина – Белград што е важен чекор и што треба да го следат и другите,што би билко бо нтерес на процесот на регионален и меѓудржавен развој. Сметаме дека НАТО е важен дел од ОБСЕиј претседавач годинава е мојата земја,изјавил Рама пренесува Топ чанел.

Рама за време на конференцијата зборувал и за сместувањето на муџахедините во неговата земја(околу 3.000) додавајќи дека Албанија ќе продолжи да го прави тоа, бидејќи хуманоста е дел од традицијата на земјата.Тој ја спомнал и помошта што Албанија им ја дала на Евреите по Втората светска војна.

-Албанија се согласи да им обезбеди засолниште на неколку илјади луѓе чии животи беа во опасност од режимот на Техеран. Тоа е дел од она што сме, од нашата традиција. Ние бевме единствената земја што имаше повеќе Евреи по Втората светска војна и нашата земја беше безбеден дом за нив. И ова го сторивме како хуманитарна операција. Ние нема да ја промениме нашата традиција и нашиот пристап кон овие луѓе, рекол Рама.

Посочил дека Албанија протерала дипломати и други луѓе кои се однесувале вон стндардната дипломатска активност.

Треба да знаете
Последни објави