Search

Ме бараше цело семејство, мислеле дека сум загинал заедно со Коби

Во ноќта на трагичната несреќа во која животот го загубија Коби Брајант, неговата ќерка Џиана Марија и уште седум лица, медиумите објавија погрешна информација дека настрадал и Рик Фокс.

 

Американските медиуми жив го „закопаа“ и Фокс, уште еден поранешен кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, кој од 1997 до 2004 година играше заедно со Коби.

„Од пријател слушнав за несреќата. Прво мислев дека сака да зборува за Џејмс и Коби и рекордот, но потоа ми кажа да седнам и ми откри што се случило. Не можев да верувам, бев шокиран. Зборував со децата за Коби, а потоа телефонот почна да ѕвони без прекин. Ми се јави најдобриот пријател и кога кренав слушалка ми кажа: Па ти жив си бил. Не ми беше јасно што зборува, но потоа се јавија мајка ми, сестра ми и многу други. Морав на сите да им објаснам дека не сум бил во хеликоптерот“, открива Фокс.

 

 

Треба да знаете
Последни објави