Search

Швајцарската полиција уапсила руски разузнавачи во Давос

Швајцарската полиција минатиот август уапсила двајца руски разузнавачи во Давос, за кои се претпоставува дека подготвувале шпионски активности за време на годинашниот Светски економски форум.

Според швајцарските медиуми, уапсените Руси имале дипломатски пасоши и биле ослободени непосредно по нивното апсење, јави Би-Би-Си, додавајќи дека еден од нив се претставувал како водоводџија.

Руската амбасада во Берн соопшти дека медиумите се обидуваат да направат скандал од ништо и оти за инцидентот дознала од медиумите, како и дека нема извештаи дека двајца руски државјани биле сослушани во август.

Треба да знаете
Последни објави