Search

Рокади на головите кај Македонија и Чешка се дел од стратегијата на селекторите за новата пресметка

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски која ја доби довербата од селекторот Данило Брестовац на првиот дуел со Украина да застане меѓу стативите одлично си ја заврши задачата. Со 15 одбрани беше еден од најазаслужните за минималниот триумф (26:25) против Украина.

За денешниот втор дуел со Чешка (16 ч.), кој може да биде решавачки за пласманот на „црвено-жолтите“ во втората групна фаза, селекторот Брестовац од тактички причини ќе направи рокада на голот. Од првата минута од Виена се најавува дека шанса ќе му дададе на поискусниот Борко Ристовски, кој на последните пресметки со чешката репрезентација имаше забележителни настапи. Во македонскиот табор посакуваат Ристовски да продолжи со традицијата и „црвено-жолтите“ да се најдат на едно коло пред крајот во групата Б која се игра во Виена, да ги решат дилемите кој ќе патува во втората фаза.

Рокада на голот најавуваат и Чесите, откако Томаж Мрква не се прослави на дуелот со Австрија кој Чешка го загуби (32:29). Предност треба да добие ветеранот Мартин Галија кој како и македонскиот чувар Ристовски статистички има забележителни настапи против „црвено-жолтите“.

Македонскиот пивотмен Жарко Пешевски во најавата за денешната пресметка посочи дека  голманите треба да ја одграа главната улога на овој натпревар, па затоа и потезите со рокадите на головите во двата стручни табори се дел од стартегиите кои ги подготвуваат за попладневното 15. меѓусебно надмудрување.

Треба да знаете
Последни објави