Search

Единаесет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случилие изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Со специјалното возило „пајак” подигнати се 48 возила.

Казнети се и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет пешаци кои поминале колвоз на црвено светло и еден за не правилно престигнување.

Треба да знаете
Последни објави