Search

Макрон во телефонски разговор со Трамп искажа солидарност

Францускиот претседател Емануел Макрон ја изрази својата солидарност со сојузниците, за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека Иран мора да избегне дестабилизирачки активности, откако иранскиот командант Касим Сулејмани беше убиен во американски воздушен напад во Багдад.

„Со оглед на неодамнешната ескалација на тензиите во Ирак и во регионот, францускиот претседател изрази целосна солидарност со сојузниците по нападите извршени во последните неколку недели против коалицијата во Ирак“, се вели во соопштението од канцеларијата на Макрон.

Макрон исто така изрази загриженост за дестабилизирачките активности на силите „Кудс“ под генералот Касим Сулејмани и укажа на потребата Иран да избегне преземање на какви било мерки што би можеле да ја ескалираат ситуацијата и да го дестабилизираат регионот.

Треба да знаете
Последни објави