Search

Македонските ракометари забележаа минимален триумф над Црна Гора

 – Македонската ракометна репрезентација вечерва ја победи Црна Гора со 25:24 во последната проверка пред настапот на Европското првенство.

Ова беше втор контролен дуел за „црвено-жолтите” во Словенија. Во првиот пред два дена, загубија од домашната селекција.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац, иако не беа предводени на теренот од капитенот Кирил Лазаров, одиграа храбро и пожртвувано и на крајот заслужено се радуваа. Црногорците на полувреме водеа со 13:12, а Бранко Вујовиќ на крајот имаше шут за реми, но неговиот удар го одбрани голманот Николче Митрески.

На претстојниот евро-шампионат, македонскиот национален тим е во групата во Виена со Украина, Чешка и домаќинот Австрија. Првиот дуел ќе го игра на 10 јануари против украинската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави