Search

Забрана за влез на товарни возила во Грција поради очекувано невреме

МВР ги известува граѓаните на Р.С. Македонија дека утрово од 05.00 часот до утре на полноќ (24.00 на 06.01.2020), според добиените информации од грчките погранични служби, е воведена забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица”, „Стар Дојран” и „Меџитлија”, со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.

Треба да знаете
Последни објави