Search

Јувентус за Кулушевски плати 35 милиони евра

Јувентус за само неколку дена успеа да го комплетира трансферот на несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски, а беа објавени и финансиските детали од договорот.

Швеѓанецот со македонско потекло  утрово стигна во Торино, каде што имаше медицински прегледи, а вечерва стави и потпис на договор до јуни 2024 година.

-Мојата 2020 година не можеше да почне на подобар начин. Многу сум среќен, ова е голем ден за мене, моето семејство и сите кои работат со мене-, кажа 19-годишниот фудбалер.

Висината на трансферот е 35 милиони евра со тоа што „Старата дама“ ќе го плати износот на пет рати, па така „бјанконерите“ во јануари ќе треба да издвојат пет милиони евра, додека останатите пари ќе бидат исплатени во останатите четири рати.

Исто така, вредноста на трансферот би можела да се зголеми за девет милиони евра доколку бидат исполнети некои клаузули од договорот.

Треба да знаете
Последни објави