Search

Ливерпул со нова победа и една година без пораз во Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул победнички ја отворија и 2020 година и тоа со славје над Шефилд Јунајтед од 2-0 во последната средба од 21. коло во Премиер лигата за продолжување на фантастичната серија од една година без пораз во Премиерлигата. Последен пат загубија од Манчестер Сити на 3. јануари 2019.

Избраниците на Јирген Клоп не доволија никакво изненадување и дојдоа до 19 лигашка победа во актуеллната 2019-2020 со што убедливо се на врвот со плус 13 бода во однос на второпласираниот Лестер.

Африканското дуо Мохамед Салах и Садио Мане беа автори на новиот триумф, првиот стрелаше во 4 минута на асистенција на Робертсон, додека Сенегалецот стави точка во 64 минута.

Сега за „црвените“ следи уште еден меч на „Енфилд Роуд“ и тоа против градскиот ривал Евертон во ФА Купот.

Треба да знаете
Последни објави