Полицаец загина, друг тешко повреден: Ги прегазил автомобил додека вршеле увид на сообраќајка

Еден полицаец починал вечерва на скопските клиники откако се здобил со повреди во тешката сообраќајка на патот Тетово-Гостивар.

Полициските службеници од полициската станица Гостивар, П.Ѓ. и Ф.Ш. биле удрени од автомобил „форд фокус“ додека обезбедувале сообраќајна несреќа која се случила претходно меѓу други две возила. По ударот П.Ѓ. починал на местото на несреќата, додека Ф.Ш. е пренесен во болницата во Гостивар.

Лицето Р.Ш. (31) од село Грашица, кое управувало со возилото „форд фокус“ е уапсено и пренесено во полициската станица Гостивар.

 

Треба да знаете
Последни објави