Крадци на Кипар од шведска брачна двојка украле урна со пепелта на нивниот син

Брачна двојка од Шведска упати молба за каква било информација во врска со дрвена урна со пепелта на нивниот син, која им била украдена на одмор во Кипар, пишува британски „Гардијан“.

Полицијата соопшти дека урната била во еден од трите куфери на шведската двојка кои биле украдени од нивниот автомобил вчера, додека бил паркиран пред еден ресторан на брегот.

Крадците скршиле прозорец на автомобилот и ги зеле куферите, во кои покрај урната, имало и 200 долари.

Полицијата соопшти дека на урната стои натпис „Денис 2000 – 2009“.

Не е познато зошто брачната двојка од Шведска, која инаку живее во Полска, патувала со урната.

Треба да знаете
Последни објави