Кејн од пенал го спаси Мурињо од пораз кај Норич

Екипата на Тотенхем и втор натпревар по ред остана без три бода по серијата од неколку победи, откако на клупата на „спарси“ седна Жозе мурињо. Денеска потешко од очекуваното дојде до бод на гостувањето кај Норич откако Кејн од пенал погоди за 2:2 кај „фенерџија“ во Премиер лигата.

Избраниците на Жозе Мурињо двапати бркаа негатива и успеаја на крајот да си заминат дома со бод, но треба да жалат за останатите два, зашто можеа да се изедначат со Челзи кој е на четвртата позиција, последна која води во ЛШ.

Дуелот на „Кероу Роуд“ се отвори во 18. минута, кога босанскиот фудбалер Вранчиќ успеа да стрела и да донесе предност за „канаринците“. Норич потоа даде уште еден гол, кој беше дело на Пуки, но истиот по прегледот во ВАР собата неправедно беше поништен.

Норич замина на пауза со еден гол предност, а во 55. минута Ериксен реализира од слободен удар и го врати Тотенхем во игра. Само неколку минути подоцна, Орие си даде комичен автогол и Норич пак водеше, за 2-2 да дојде во 83. минута, преку Хари Кејн од пенал.

Лестер Сити конечно ја прекина кризата и на гости кај Вест Хем победи по три кола (1-2). Во 12. минута Греј промаши пенал, но „лисиците“ во предност ги донесе Ихеначо во 40. минута. Пред крајот на првиот дел изедначи Форналс, додека Греј се поправи во 56. минута и ги однесе трите бода за Лестер.

Треба да знаете
Последни објави