Заев: Преодната Влада мора да организира фер и демократски избори и да продолжи да работи за доброто на граѓаните

Пемиерот Зоран Заев по состанокот со претседателот ВМРО-ДПНЕ, Христијан Мицкоски рече дека независно од предложените кандидати за министерски функции во „Пржинската влада“, најважно е истата да спроведе фер и демократски избори.

-Дозволете едно по едно да дадам објаснување. Она што прво е важно да ја констатираме обврската на сите дека нашата земја под будното око и одговорноста на сите учесници во изборниот процес е важно да обезбеди фер, демократски и регуларни избори заради тоа што земјата чекори напред, оди по вистинскиот пат и така само треба да продолжи. Тоа е одговорност на сите и верувам само уште еднаш ќе потсетам т.н пржинска Влада или преодна влада која што беше формирана 2016 на разговорите некаде пролетта 2018 кога се разговараше за пржинскиот договор ние ја отстапивме повторно, ја дадовме на опозицијата да го има како право заради две причини, првата сите да партиципираат и имаат фер третман поради тоа што ред е опозицијата да ја контролира власта, тоа е многу нормално, но, исто така и да ја презема одговорноста за спроведувањето на фер и демократски избори, рече Заев.

Според него, тоа е вредност, принцип и правило, и во едни такви околности нормално е да се разговара за имплементација на вака донесеното законско решение од 2018.

-Во ваквото законоско решение зборувавме за кандидатите, кога зборувавме за кандидатите ние нормално разговаравме дека претседателот на опозицијата како предлагач треба да има во предвид кога ги предлага кандидатите единственото да не бидат лица кои се по обвинение на јавни обвинителства на државата заради тоа што тоа отприлика не е ниту етички, ниту би требало да биде дозволиво, изјави премиерот.

Треба да знаете
Последни објави