Газди на скопски ресторан се степале со гости во објектот

Во скопската полиција, синоќа на полноќ, била пријавена тепачка во угостителски објект на булеварот Борис Трајковски.

Според пријавеното, по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу двајца скопјани на возраст од 48 и 21 година од една страна, и сопствениците на објектот на возраст од 29 и 33 години, исто така од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави