Артета: Мора да им испорачаме задоволство на фановите

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека негова мисија е да ги санира влошените односи меѓу клубот и неговите приврзаници, кои биле разочарани од неконзистентните настапи на тимот во текот на изминатите неколку месеци.

– Се надеваме дека можеме да ја промениме негативноста. Прво, мора да ги убедиме играчите, а потоа да ги убедиме навивачите. Мислам дека тоа е многу, многу важно во мојата работа. На крајот на денот, тие очекуваат многу од нас. Мора да им испорачаме задоволство, ние треба да ги направиме нивните животи подобри. Кога ќе победиме, ќе биде подобро затоа што тие ќе бидат посреќни. Тоа е наша одговорност и ние мора да сториме сé што можеме за да го постигнеме тоа. Ако можеме да генерираме енергија, ова ќе ни помогне. Навистина бев задоволен од тоа како навивачите се однесуваа кон играчите на гостуването кај Борнемут. Бев среќен што фудбалерите отидоа да го поздрават навивачите по натпреварот, бидејќи ни треба оваа врска, изјави Микаел Артест.

Треба да знаете
Последни објави