Џенова го избрка Мота, Горан Пандев има нов тренер

Италијанскиот калчолигаш Џенова повторно промени тренер и на местото на Тиаго Мота кој доби отказ назначи нов предводник.

Тимот во чии редови настапува Горан Пандев за тренер го доби Давиде Никола. Поранешниот стратег на Кротоне и Удинезе доаѓа на местото на Мота кој не ги оправда очекувањата и доби отказ.

Никола во минатото беше во Џенова како тренер и во тимот мина шест сезони. Калчолигашот моментално е на дното во Серија А и го чека тешка битка за опстанок.

Договорот на Никола со Џенова е шестмесечен, со можност за продолжување.

Треба да знаете
Последни објави