Таткото на Елмас: Елиф не оди во Бешикташ, среќен е во Наполи

Џеват Елмас, таткото и агент на Елиф Елмас денеска за италијанските медиуми го демантираше шпекулациите дека македонскиот репрезентативец би можел да се пресели во Турција, во екипата на Бешикташ, која наводно го сакала на едно ипол годишна позајмица.

Постариот Елмас порача дека син му е среќен во Наполи и сака да му помогне на тимот да се избори за топ-4 и пласман во Лигата на шампиони.

-Елиф пристигна во Наполи за да му помогне на тимот да расте уште повеќе и да освојува трофеи. Но, исто така лична цел му е да стане подобар фудбалер. Досега беше тешка сезоната, но Наполи е одличен клуб и има голем квалитет и искуство. Елмас е среќен во Наполи и ќе се обиде да му помогне на тимот да се изборат за топ-4“, порачаа неговиот татко и агент.

Треба да знаете
Последни објави