Силјановска за полковник Ковачки: Предлогот на Мицкоски не е преседан

Човек што не бил цивил во изминатите три години не може да раководи со МВР и одбрана, но предлогот на Хритијан Мицкоски не е преседан, изјави за „360 степени“ професорката по уставно право, Гордана Силјановска-Давкова, која е и стратешки советник на Мицкоски.

Таа рече дека не била консултирана за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот Душан Ковачки да биде министер за внтрешни работи  затоа што станувало збор за партиска одлука.

Сепак, таа додава дека предлогот не е преседан, бидејќи и досега имало случаи кога на овие позиции биле именувани лица токму од областа на одбраната и разузнавањето. Како примери ги посочи поранешните министри за внатрешни работи Сиљан Аврамовски и Митко Чавков и актуелниот заменик-министер за одбрана Беким Максути.

Аврамовски стана прв човек на полицијата во владата на Хари Костов во 2004 година, од позицијата директор на УБК. Митко Чавков стана министер за внатрешни работи во владата на Никола Груевски во 2015 година, доаѓајќи од позицијата директор на Бирото за јавна безбедност. Актуелниот заменик-министер за одбрана, Беким Максути, зад себе има кариера во Армијата.

 

Треба да знаете
Последни објави