Пиштолџија со „чироки“ се заканувал на возач на булевар Србија

Полицијата трага по пиштолџија, кој со пиштол му се заканувал на возач, вчера во Скопје.

Според МВР, инцидентот се случил околу 12.30 часот на булеварот Србија.

Тогаш скопјанецот С.А. (37),  додека се движел со автомобилот „цитроен саксо”, добил закани од друг возач. Лице кое управувало џип „чироки” со скопски регистарски ознаки му се заканило со пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави