Мицкоски: Имавме успешна средба со Ахмети, го презентиравме нашиот предлог за министер за внатрешни

Во македонското собрание се одржа средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, на која претседателот на опозициската партија ги презентира своите кандидати за техничката влада. По завршувањето на средбата Мицкоски изјави дека имале успешна средба и му го презентирал предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи.

-Согласно праксата и законот, денеска имав кратка, но успешна средба со Ахмети каде разговараме за кадровското решение за МВР, односно профилот на личноста која ние ја предлагаме. Очекувам дека ќе имаме исто така успешна средба и со премиерот во заминување и веднаш после средбата ќе го откриеме името на министерот. Станува збор за професионално решение, рече Мицкоски.

Лиедрот на опозицијата објасни дека се работи за професионално решение, непознат за јавноста но запознаен со работата во МВР.

Треба да знаете
Последни објави