Драган Ковачки, полковник во АРМ кандидат за министер, Ахмети даде согласност за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Драган Ковачки, полковник во АМР, со долгогодишно искуство во безбедносната сфера и обуки од и за НАТО алијансата е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, објавија медиумите по средбата Мицкоски-Ахмети.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прифати предлогот на Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада која треба да биде избрана на 3 јануари.

Без да откријат име Ахмети и Мицкоски потенцираат дека се работи за професионалец со богато искуство во ресорот, но како што нагласи Ахмети тој досега не бил дел од политичкиот и јавниот живот.

Мицкоски пак по средбата со Ахмети замина кај премиерот Зоран Заев за да ја добие потврдата и од него и да се исполни законскиот услов предвиден со Пржинската влада.

По средбата со Ахмети, Мицкоски изјави дека е отворен да разговара со Заев и за сите други прашања кој што се од интерес за граѓаните вклучително и измените за изборниот законик.

Треба да знаете
Последни објави