Владата ги поддржа Колективниот договор и Предлог-законот за култура

На денешната седница, Владата на Репубилика Северна Македонија ја усвои Информацијата со која министерот за култура, Хусни Исмаили добива овластување за потпишување на Колективниот договор во културата, а Министерството за финансии се задолжува да ги обезбеди средсвата за оваа намена најоцна до 1.07 2020 година.

Покрај ова, Владата го утврди предлог текстот на законот за остварување на јавниот интерес во културата  со што истиот ќе моќе да продложи во натамошна постапка на донесување од страна на Собранието на РСМ.

Новиот закон во културата ќе се носи по 20 години и по 16 измени на текстот во изминатиов период, а со него се очекува да се придонесе кон унапредување и развој на остварувањето на културата во Република Северна Македонија, унапредување на правната основа за развој на културните активности, надминување на актуелните проблеми во областа, рамноправност на уметниците независно од потеклото, етничката припадност, полот и друго, во создавањето на културата  преку овозможување на еднакви права гарантирани со закон.

Треба да знаете
Последни објави