(Видео) Поради густа магла во Тексас камион влета во толпа луѓе

Густа магла се спушти во Тексас во петокот, што предизвика многу проблеми за луѓето, особено во сообраќајот, а најлошото сценарио се случи на Рутата 84, каде судир меѓу две возила, предизвика серија други незгоди.

Полицијата излегла на терен за да направи увид кога возач изгубил контрола над комбе за кампување, во кое потоа удриле уште неколку возила, јави Си-ен-ен.

На местото на настанот дошол и Калеб Холдер, фотограф на КЦБД, кој го регистрирал хаосот што го парализирал целиот сообраќај. Токму во тој момент, камион обидувајќи се да избегне судир со џип кој ја промени лентата, губи контрола и влетува меѓу полициските и новинарските екипи кои го покриваа местото на претходната незгода.

Иако можеше да заврши фатално, во целата оваа застрашувачка сцена, полесно се поредени само две лица, пренесоа локалните медиуми.

Треба да знаете
Последни објави