Search

Јаревски: Буџетот не е играчка

Буџетот не е играчка. Тоа е најсериозниот документ што го дефинира целокупниот тек на активности и функционирање на општината. Тој дефинира  од каде ќе се обезбедат пари и на што ќе се потрошат.

Стефан Богоев и СДСМ со усвојувањето на вчерашниот буџет соопштија на јавноста дека предвидуваат дека ќе наплатат 375 милиони денари од комуналии. Во Карпош 1м2 комуналии е 100 евра, што значи дека за 2020 се планирани најмалку 60.500 м2 нови станбени површини односно дека планираат како што ТИЕ пресметаа да издадат дозволи за градба на 150 згради. 150 згради ги пресметаа Вашите претставници на администрацијата и Вашите советници од СДСМ при работата на Комисијата за финансии изведувајќи ги од вредноста која Вие тврдите дека ќе ја соберете од комуналии во 2020.

Кој кого лаже!?

Прво прашање: Со таков план и предвидување колку зеленило во Карпош ќе биде уништено?  Нели немаше да има уништување на зеленило!?

Второ прашање: Господине Богоев, доколку тврдите дека нема да има згради тогаш фактички имаме фингиран Буџет! Дали усвоивте фингиран Буџет?

Трето прашање: Доколку нема да има ни приближно толку многу згради и толку многу новоизграден станбен простор ЗОШТО ВЕДНАШ на самата седница на советот не побаравте корекција на висината на износот што сакате да го наплатите од комуналии!?

Нема понесериозно нешто од тоа да се повика на ребаланс како оправдување на се уште неусвоен буџет.

Што сака неуспешно да прикрие Стефан Богоев, СДСМ и Општина Карпош со предложениот односно усвоениот буџет?

Треба да знаете
Последни објави