Search

Официјално: Златан Ибрахимовиќ е нов член на Милан

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (38), ќе го носи дресот на Милан до крајот на сезонава.

Договорот ќе биде потпишан и вечерва клубот ја потврди информацијата дека Златан се враќа во Милан после седум години. Ибра од 2010 до 2012 играше за Милан, и на 85 меча постигна 56 гола. 

Платата ќе му биде 3,5 милиони евра.

Швеѓанецот во Милан треба да дојде на 2 јануари, кога ќе ги мине лекарските тестови. Веројатно на првиот лигашки меч во 2020 година, против Сампдорија, Златан ќе биде на клупата за резерви, а ако биде физички подготвен, би заиграл на 15 јануари во Купот на Италија против СПАЛ.

Треба да знаете
Последни објави