Search

Вајлдер против Фјури договорија реванш за 22 февруари

Боксерите Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури потврдија дека договориле реванш борба за 22 февруари во Лас Вегас.

Првиот нивен дуел заврши нерешено, па уште тогаш почнаа преговори за нова битка во рингот, по која веројатно би имало победник и да нема дилеми кој е светски првак во бокс во тешка категорија во ВБЦ верзијата.

Шампионскиот појас ќе го брани Вајлдер, а Фјури има улога на предизвикувач. Фјури веднаш се закани дека ќе го нокаутира Вајлдер, а Американецот порача дека после 22 февруари ќе нема никакви нејаснотии, и дека овојпат Британецот нема да стане така брзо, како во декември 2018 кога беше во нокдаун во последната рунда, но се исправи на нозе. 

Треба да знаете
Последни објави