Search

Анкета: Половина од Американците сметаат дека историјата нема биде наклонета за Трамп

Речиси половина од Американците сметаат дека историјата нема биде наклонета за американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи по напуштањето на власта може да остане запаметен како „лош” или „потпросечен” претседател.

Ова се дознава од најновата онлајн анкета на неделникот „Економист” и „Ју гов” со контактирани 1.500 возрасни Американци, а објавена синоќа. Резултатите од анкетата имаат предвидено 3 отстотна маргинална грешка.

Во анкетата се поставени пет оценки за тоа како сегашниот претседател ќе остане запаметен во историјата: „одличен”, „натпросечен”, „просечен”, „потпросечен” и „лош”.

Најголем дел од испитаните, или 40 отсто, рекле дека Трамп во историјата ќе остане запаметен как „лош” главен командант и шеф на државата. Девет отсто од испитаните одговориле дека како „потпросечен” претседател историјата нема да му биде наклонета.

Од позитивните оценки, само 22 отсто од испитаните сметаат дека историјата Трамп ќе го памети како „одличен” претседател, а 12 отсто одговориле дека Трамп ќе остане запаметен како „натпросечен” шеф на државата.

Анкетата е одржанa од 22 до 24 декември, неколку денови откако Конгресот изгласа отповикување на 45-от американски претседател, трет отповкан американски лидер во историјата на САД.

Според истата анкета, речиси 50 отсто од испитаните го поддржуваат („силно” и „донекаде”) импичментот на Трамп од Претставничкиот дом, додека 41 отсто „донекаде се против” и „силно се против”, импичментот.

Во врска со тоа, кај некои од демократите, кои го контролираат Долниот дом на американскиот Конгрес, се појавија намери да отворат истрага за втор импичмент на Трамп.

Второ отповикување е можно ако се открие дека Трамп се обидувал да осуети сондажи за неговото поведениe.

Судењето за отповиканиот американски претседател се очекува да се одржи во јануари, но без прецизирана дата, бидејќи спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, сеуште ги нема испратено предметите за импичментот во Сенатот. Образложението е дека демократите бараат „продлабочен, непристрасен суд” со сведоци кои ти побараа да се појават на сослушување.

Лидерот на републиканското мннозинството во Горниот дом на американскиот Конгрес, Мич Меконел, засега одбива да испрати покани до сведоците посочени од демократите.

Треба да знаете
Последни објави