Search

Ливерпул светски шампион: Фирмињо во продолжението погоди за триуф над Фламенго

Екипата на Ливерпул е нов светски шампион, откако во финалето во Светскиот клупски куп што се одигра во Доха славеше над бразилски Фламенго со 1-0 по продолжение. Ова е прва светска титула за Ливерпул.

Двете екипи одиграа со премногу резервирано во првиот дел, додека во второто полувреме создадоа по неколку шанси за гол, но сепак изостануваше реализацијата.

Судиското надополнување донесе драма, бидејќи Мане имаше зицер позиција која не ја искористи, но падна како покосен по што судијата покажа на белата точка. Сепак по преглед на ВАР, Ал Јасим ја увиде грешката и ја поништи одлуката.

Откако заминаа во продолжение, Фламенго се отвори дополнително, а тоа на најдобар можен налин го искористија фудбалерите на Ливерпул, кои во 99. минута преку една контра реализираше Роберто Фирмињо.

По пауза од 11 години повторно англиски клуб се израдува на светската круна, откако последен пат тоа му успеа на Манчестер Јунајтед во 2008. година, кога славеше над Кито со 1-0.

Треба да знаете
Последни објави