Search

Нарко-картел нападна град во Мексико, загинаа 21 лице

Мексиканските безбедносни сили убија уште седуммина членови на нарко-картел, чии припадници претходно упаднале во град во близина на границата со Тексас, во конвој со камиони и го нападнле градското собрание.

Ова го зголеми бројот на жртвите на 21, соопштија официјални лица.

Безбедносните сили со помош на хеликоптери сè уште ги бараат преостанатите припадници на картелот, кои во неделата извршија напад во местото Вила Унион.

Гувернерот на државата Коахиља, Мигел Ангел Рикелме, рече дека 14 лица биле убиени до неделата попладне, вклучително и четворица полицајци.

Според него, неколку работници од општината се исчезнати, а засега сè уште не е јасно каде се наоѓаат.

Вооружена група упадала во градот со 3.000 жители, напаѓајќи ги канцелариите на локалната самоуправа, поради што биле активирани федералните сили. Снимки од ситуацијата по нападот, објави британски „Сан“.

На камионите издупчени од куршуми, кои останале на улиците, може да се забележи натписот C.D.N. што е шпанска кратенка за картелот „Североисток“.

Вила Унион се наоѓа на 60 километри југозападно од Тексас и 20 километри од градот Аљенде, место на маскр кој се случи во 2011 година во кој учествуваше картелот Зетас, а во кој, според официјални информации, беа убиени 70 луѓе.

Во видеата објавени на социјалните мрежи, се слушаат куршуми и луѓе кои им викаат на пријателите да не излегуваат надвор.

По пукањето, запалени возила останале на улиците на градот, а на зградата на градското собрание видливи се дупки од куршуми.

Гувернерот на државата, Мигел Рикелме, изјави дека државата остро се спротивставила на картелите и нивните убијци.

Тој рече дека се верува оти напаѓачите се членови на картелот „Североисток“ од сојузната државата Тамаулипас.

Треба да знаете
Последни објави