Search

Двајца повредени во судир на „форд“ и „голф”

На 29.11.2019 во 21,25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(41) од Скопје, патничко моторно возило „голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Кадино-скопско, и патничко моторно возило „цитроен Ц3″ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од с.Јурумлери-скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.В., а со телесни повреди се здобил И.С. по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави