Search

Директорот на ЈП Комунална хигиена Шабани, имаше средба со еден од нашите најперспективни млади кошаркари, 17-годишниот Андреј Андоноски

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, имаше средба со еден од нашите најперспективни млади кошаркари, 17-годишниот Андреј Андоноски. Андоноски настапува за МЗТ Скопје, а веќе следната сезона ќе заигра како капитен за македонската кошаркарска репрезентација.

„На Андреј му ги честитав досегашните успеси и му ветив дека ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе застане зад него како поддршка во неговата понатамошна кариера, затоа што верувам дека неговото време во кошарката допрва доаѓа. Како успешен спортист и одличен ученик, се надевам дека кај помладата генерација ќе претставува и пример за совесно постапување со отпадот и заштита на животната околина.”- изјави директорот Шабани.

Треба да знаете
Последни објави