Search

Новиот сопственик на „Златната топка“ веќе имал средба со наградата која ќе му биде врачена на 2 декември

Новиот добитник на награда „Златната топка 2019“ која традиционално секоја година ја доделува „Франс Фудбал“, дознал дека тој ќе биде играчот кој ќе го крене во своите раце престижното признание. Според каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ тој веќе ја имал можноста да ја допре наградата која официјално ќе му биде врачена на 2 декември во Париз.
Весникот не го соопштува името на добитникот, но наведува дека во конкуренција се Вирџил Ван Дајк од Ливерпул,  Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Јувентус.
Последниот освојувач на „Златната топка“ беше хрватскиот интеранционалец Лука Модриќ.
Меси и Роналдо кои доминираат во последната деката при изборите на најдобрите имаат освоено по пет „Златни топки“. Ван Дајк за прв пат е во исчекување да го добие ова признание, откако ја доби наградата на УЕФА за играч на годината, додека наградата на ФИФА заврши кај Меси.

Треба да знаете
Последни објави