Search

Нова фекална канализација во Злокуќани

Во текот на денешниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје г-дин Душко Весковски, градоначалникот на град Скопје, г-дин Петре Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, г-дин Стефан Богоев, извршија увид на работните активности за изградба на уличната  фекална канализација по дел од ул.„Скупи“ во Злокуќани.

Имено, ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Град Скопје и Општина Карпош, пристапи кон проектирање на улична  фекална канализација по дел од ул.„Скупи“, а потоа како инвеститор започна и со изградба на истата. Во оваа фаза од решавањето на проблемот со фекалната канализација во населбата Злокуќани се опфати  дел од улица „Скупи“ на потег од патот за населеното место Бардовци до крстосницата –  семафорите кај улица „Скупи“ 3.

Причината за иницирање, имплементација и реализирана инвестиција во овој проект беше недостатокот на улична фекална канализација за одведување на фекалните отпадни води од страна на објектите во населбата  Злокуќани, која се наоѓа на северниот дел над ул.„Скупи“.

Со реализација на предметната  фекална канализација од Ø300 mm ќе се решат постоечките проблеми на жителите на објектите кои гравитираат кон улицата „Скупи“.  Реализацијата на овој проект отвора можност приклучоците од објектите да се пренасочат на новата фекална канализација која ќе минува по јавна површина, односно на дел од ул. „Скупи“ која ќе биде достапна за понатамошно одржување од страна на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Инвестицијата на ЈП Водовод и Канализација – Скопје во овој проект изнесува околу 4.000.000,00 ден. За изведбата на проектот предвидена е употреба на полипропиленски PP – HM канализациони цевки класа на крутост SN8 со DN300mm по целата должина од 335,00m, како и употреба на армирани бетонски шахти изработени од готови бетонски прстени Ø 1000mm.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави