Search

Неделен извештај: Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Секогаш најдоброто за Скопје

ЈП Водовод и Канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.11.2019 до 22.11.2019 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Треба да знаете
Последни објави