Search

Сасоли: Среќен сум што европскиот дух не е скршен во оваа земја

За време на последниот Совет на ЕУ имаше приговори што доаѓаа од три влади на земји-членки на ЕУ и овие предлози не доведоа до заклучување на одлуката. Во суштина немаше „Не” за датум, немаше негирање на прашањето за започнување преговори, но имаше еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори. Во овој момен тие влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат одлуките што ги донеле, но морам да нагласам дека не слушнавме едно изрично „не”. Ова беше пораката на претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој на својот Твитер налог по средбата во Владата напиша дека имал одлична средба со премиерот Заев.

– Среќен сум што европскиот дух не е скршен во оваа земја. Заедно ќе ги надминеме сите пречки и ќе преминеме кон отворање на преговори за членство, напиша Сасоли на Твитер.

 

Треба да знаете
Последни објави