Search

Голманот на Униот ги одбрани играчите на Херта од хулиганите

Градското дерби во Берлин помеѓу Унион и Херта во рамките од 10. коло на фудбалската Бундеслига кое им припадна на домаќините (1:0) имаше нефудбалски сцени кои може да завршат и со несакани последици. Во главна улога се анјдоа домашните навивачи кои решија да ги нападнат гостинските играчи на Херта.

Групата хулигани влета на теренот и почна да ги брака гостинските играчи, но беа спречени од играчите на Унион. Преднив застанаа и не дозволи да го реализираат сакното сценарио. Најхрабар во одбраната на своите колеги беше домашниот голман Рафал Гикиевиц, кој за малку ќе се степаше со еден од хулиганите.

Навивачите еднаш и го прекинаа натпреварот откако фрлаа факели на теренот.

Треба да знаете
Последни објави