Search

Барса загуби од Леванте, ама остана и без Суарез

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез се повреди на денешниот натпревар од шампионатот на Шпанија со Леванте (1:3). Тој беше заменет со Карлес Перез во 41. минута од средбата.

Според официјалниот Твитер на катралонскиот клуб, Уругваецот го повредил десното стапало.

Според најавите, Суарез ќе оди на детални медицински испитувања по кои ќе се знае за сериозноста на повредата.

Суарез може да го пропушти следниот натпревар во Лигата на шампионите со Славија Прага.

Треба да знаете
Последни објави