Времен сообраќаен режим утре на улица Бихаќка

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре 29.10.2019г. (вторник), поради завршно асфалтирање на ул. Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќќа, и тоа  на потегот од  ул. Востаничка до влезната капија на МВР. Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

 

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави